Марија Јанковска, сопственичка на оптички дуќан во Скопје денеска сведочеше во случајот Рекет.
Бојан Јовановски го знам од многу одамна пред повеќе од 15 години кога дојде да побара спонзорство за неговата прва манифестација. Искрено и јас сум имала корист од него. Луѓето кој ја следат неговата мода, посебно што наочари носи, доаѓале кај мене во дуќан и купувале ист модел, изјави Јанковска.
Таа додаде дека патувале заедно со Боки во Грција, Италија или Франција. Тој имал контакти со лица од модниот свет.
Тие креатори се случувало на познати личности како Бојан да им дадат и облека која ќе биде актуелна во сезоната. Тоа сум го видела – изјави сведокот Јанковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.