На денешното судско рочиште за убиството на Пино Секондо, сведочеше девојка која истакна дека осомничените Фуркан Али и Ангела Ѓорѓиевска и признале дека извршиле убиство.

Сведокот, Анета Георгиева, појасни дека осомничените во декември 2018 година, дошле кај неа дома во 6 часот наутро.

Фуркан ми рече дека убиле човек, а кога ја погледнав Ангела таа рече „да“, сведочеше девојката, по што додаде дека двајцата гости ја смениле темата. Таа додаде и дека Ангела и Фуркан, кои биле дечко и девојка, воопшто не делувале вознемирено.

Дваесет и шестгодишниот Пино беше убиен на 11 декември минатата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.