На социјалните мрежи е споделено видео од свадбена веселба одржана во Паркот Гиновци, во Крива Паланка.

Иако не е познато дали видеото е од викендот, сепак, може да се утврди дека е поново бидејќи персоналот носи маски, што значи повторно е прекршен законот за организирање на веселби за време на пандемија.

Гостите и покрај препораките да се избегнуваат групни собири, седат блиску едни до други во затворен простор, танцуваат и не носат маски.

Викендов „коронасвадба“ имаше и во Велес:

А, многу реакции во јавноста предизвика и полниот ноќен клуб во Струмица:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.