Државниот пазарен инспекторат го затвори објектот каде вчера се одржуваше свадбена веселба со над сто гости, иако тоа е забрането.
Како што соопштија од полицијата, вчера во 18:50 часот во Полициското одделение Галате било пријавено дека во угостителски објект во гостиварски Добридол, сопственост на 33-годишниот М.И. од ова село, била организирана свадбена веселба од М.И.(55) од гостиварско Врапчиште, на која присуствувале околу 120 гости.
Во содејство со Државен пазарен инспекторат извршен е увид и објектот е затворен. Се расчистува случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци, се вели во соопштението од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.