Сѐ уште не се знае причината за смртта на бебето од Струмица, кое по раѓањето дома било фрлено во јама, а Судска медицина ќе испитува дали било фрлено живо или починато.

Уште траат анализите кои ќе ја утврдат причината за смртта на бебето. Но секако, обдукцијата ќе може да утврди дали тоа било живо родено, има ли повреди, како и колку живеело по раѓањето, доколку било живо родено, изјавил директорот на Институтот, д-р Александар Станков за Плусинфо.

Мајката на ова бебе е 18-годишна девојка од Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.