Откако медиумите пренесоа дека лицето, Никола Војминовски, осуден на 13 години затвор за нападот на пратеникот Зијадин Села избегал, информацијата ја потврди и основиот суд Скопје 1.

По добиеното известување, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое на обвинетиот му се определува мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, а воедно издадена е и наредба за распишување интерна и меѓународна потерница – стои во сопштението на судот.

Претходно медиумите пренесоа дека по рутинската контрола на полицијата Војминовски не бил најден во домот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.