Судот не го прифати барањето на одбраната да не се прифати вештачењето на мобилните телефони на дел од обвинетите. Судот смета дека тоа не е потребно и дека тие што се споменати во разговорите во секој момент можат да дојдат во судот и да ја потврдат автентичноста.
Судот единствено прифати на некои од следните рочишта да биде повикан Маријан Стоилковски , началник на одделението за дигитална форензика во МВР.
Одбраната на обвинетите претходно побара да не се прифати извештајот за вештачењето на мобилните телефони на Трајко Вељановски и Крсто Мукоски, бидејќи вештаците не се запишани во регистарот на вештаци, ниту пак имале лиценца.
Ниту вештачите имале право, ниту пак МВР како институција имала право да ги вештачи телефоните на обвинетите, нагласи адвокатот Еленко Миланов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.