Вчера во 19.30 часот на крстосницата од булевар „Киро Глигоров“, улица „808“ и улица „15-ти Корпус“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „јиндинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Р.(51) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(52) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Р., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.