Маж од Врапчиште е тешко повреден во судирот што се случил вчера околу 14 часот.
Како што соопшти МВР, на ул.„Браќа Ѓиновски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Е.Х.(60) од с.Врапчиште и патничко возило „мерцедес“, управувано од М.Д.(26) од с.Равен, двете со гостиварски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, А.Р.(54) од с.Врапчиште, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.