Две патнички возила се судрија вечерва во атарот на селото Длабочица, Кривопаланечко, поради што сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка- Деве Баир е целосно во прекин.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека сообраќајната несреќа се случила околу 20:20 часот, а сообраќајот на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка – Деве Баир е во прекин од 20:30 минути.

Оттаму засега потврдија дека станува збор за две патнички возила, а увидот од страна на екипите на Министерството за внатрешни работи сѐ уште трае.

Портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска најави детали за несреќата по завршувањето на увидот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.