Обвинителката Вилма Русковска за да не остави сомнеж дека Обвинителството сака да сокрие какви било докази рече дека се согласува да се изведат и доказите од УСБ-то на Зоран Милевски Кичеец, коишто претходно судот ги забрани за јавноста поради тоа што во три фајла имало приватни разговори помеѓу Боки и Кичеец.
По ова судечкиот совет се повлече за да одлучи дали ќе дозволи и новинарите да ги слушнат доказите од УСБ-то на Кичеец. По кратка пауза судијката рече дека фајловите од материјалот од кој претходно беше исклучена јавноста сепак ќе бидат презентирани утре пред новинарите.
На претходното рочиште Јанева и Јовановски бараа да се обелоденат сите докази од УСБ-то на Кичеец, а обвинетата обвинителка рече дека откако јавноста ќе ги види тие докази, ќе дознае кој нудел поткуп, а кој правел рекет и кој манипулирал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.