Триесет и седумгодишен скопјанец е тешко повреден во сообраќајка и префрлен на скопските клиники.

Вчера околу 21 часот во скопското село Долно Лисиче на крстосница од улиците „1“ и „7“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мазда 323“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Н.(37) од Долно Лисиче и товарно моторно возило „ман“ со приколка „утва“ двете со скопски регистарски ознаки управувано од С.Т.(52) од Скопје – информираат од МВР.

По незгодата, И.Н. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.