Струшката полиција поднесе кривична пријава за почнување на изградба на станбен објект без градежна дозвола. Пријавата е поднесена против 58-годишен жител на струшкото село Радолишта, кој градел во Струга.

Како што информираат од МВР, во 2019, 58-годишникот започнал со изградба на објект на струшката улица „Маршал Тито“, без претходно добиена градежна дозвола и друга неопходна документација.

Тој се товари за сторено кривично дело „бесправно градење“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.