Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против И. Д. (25) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
Тој на 17.2.2020 пред казино на улицата Маршал Тито во Струга истурил запалива течност и со секира замавнал кон работник на обезбедувањето, кој се обидел да го спречи да ја запали течноста, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.