Полициски службеници од ОВР Струга синоќа го лишиле од слобода Р.К.(50), од струшкото село Долна Белица. При семејна вербална расправија, тој испукал во воздух со пиштол.

Како што информира денеска МВР, при претрес на домот на Р.К., извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле два пиштола марка „WALTHER“ и „LUGER“ и 55 куршуми калибар 9 милиметри.

Оружјето е одземено, лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.