Двајца пешаци се поврeдени во Струга при удар од патничко моторно возило „опел вектра“ со струшки регистарски ознаки, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, на 5 март годинава околу 17 часот на улица „Пролетерски Бригади“ возилото управувано од Љ.С.(49) од Струга, удрило во пешаците А.Д.(18) и Л.И (18), двете од струшкото село Радолишта.
Од ударот тие се здобиле со повреди и биле префрлени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По укажаната помош А.Д. била задржана на понатамошно лекување, а Л.И. била пуштена на домашно лекување, појасни портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.