Полицијата поднела кривични пријави за четири лица, од кои тројца албански државјани, за сторено кривично дело „пустошење шуми“ и „кражба“.

Станува збор за С.М. (48) од струшкото село Мислодежда, инаку директор на правно лице од Струга, како и против албанските државјани В.Л. (35), Б.Т. (35), и А.Т. (26).

 

Според СВР – Охрид, пријавениот С.М. неовластено ги ангажирал албанските државјани за сеча на дрва за која немал одобрение од надлежен орган. Лицата биле затекнати во нелегална сеча во шумски појас во атарот на селото Песочан, во Општина Дебарца, при што биле приведени од страна на полициските службеници – информираат од МВР.

Според полицискиот записник, од почетокот на оваа година, посочените опустошиле 1.147 кубни метри буково, дабово и индустриско дрво, со што на Јавното претпријатие „Национални шуми“ и на Шумското стопанство „Галичица“ – Охрид им нанеле материјална штета од околу два милиони денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.