Синоќа околу 21 часот на регионалниот пат Струга – с. Радожда, полициски службеници запреле патничк возило „Фиат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Д.Б. (21) од с. Велешта, струшко, во кое како сопатник бил А.О. (19) од с. Биџево, струшко.

При преглед на А.О., во неговиот ранец, биле пронајдени и одземени кеси со марихуана и кеса со прашкаста материја.

А.О. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.