Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози против 41 лице за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Oбвинителството предложи судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од по 50 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 10 евра во денарска противвредност.

Обвинетите во одделни кривично правни настани, не ги почитувале одлуките и мерките на Владата на Македонија со кои се забранува движење на населението на територијата на државата. ​



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.