СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.К.(28) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 15 август 2020, полициски службеници извршиле претрес на домот каде престојувал пријавениот во село Попчево, при што пронашле и одзеле повеќе куршуми од различен калибар – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.