Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, од Кривичниот законик.

Осомничениот 43-годишник од Струмица, на 2 април, на наплатната рампа Миладиновци кај Скопје, се возел како сопатник во автомобил Мерцедес, а кај себе неовластено за продажба држел 10,27 грама хероин. Дрогата, спакувана во две полиетиленски пакувања, ја пронашле овластени службени лица, кои веднаш ја одзеле.

Надлежниот јавен обвинител, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.​



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.