Струмичанец правел журка дома и ќе одговара за непочитување на мерките за заштита од ковид-19, соопшти полицијата.

На 27.02.2021 во 01.00 часот, по претходна пријава и издадена судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица извршиле претрес во домот на А.Х. (55) од Струмица. Притоа, било констатирано дека неговиот син Х.Х. (26) организирал приватна забава со уште 11 лица, со што постапил спротивно на член 206 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот МВР ќе поднесе соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.