Денес полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Бирото за јавна безбедност на наплатна станица Миладиновци извршиле преглед на патничко возило „ауди“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.В.(46) од Струмица, а со живеалиште во с.Костурино, струмичко.

При прегледот, во возилото бил пронајден кокаин. Т.В. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.