Мајка и ќерка завршија во болница со тешки телесни повреди откако возилото со кое се превезувале се превртело на автопатот Тетово – Гостивар.

Неофицијално, се смета дека веројатна причина за несреќата било пребрзо возење.

Повредените морало да бидат извлечени од смачканиот автомобил со интервенција на противпожарната екипа, а потоа биле префрлени на тетовската клиника.

ФОТО: Алсат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.