Женско лице загинало денеска во сообраќајна несреќа која се случила околу 13 часот и 40 минути во Гостивар. Полицијата ја потврдила несреќата, а според првичните информации
жената била прегазена од камион, јавува локалниот портал Гостиварпресс.

Набрзо по настанот пристигнала екипа на Брза Помош, а лекарите констатирале смрт.

Јавен обвинител и полициски екипи веќе се упатиле на местото на несреќата за да извршат увид, а се уште нема информации за идентитетот и возраста на прегазеното лице.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.