На социјалните мрежи беше објавено видео од местото на несреќата на скопската обиколница каде вчера животот го загубија две лица, а две се потешко повредени.

Како што соопштија од ОЈО, првичните сознанија укажуваат дека несреќата се случила кога сообраќајна полициска патрола запрела возило БМВ со гостиварски регистарски таблички кое возело со брзина поголема од дозволената. Додека полициските службеници разговарале со возачот на автомобилот, на нив налетал камион со скопски регистарски таблички. Од ударот, автомобилот БМВ се запалил и целосно изгорел. Притоа, на лице место животот го загубил совозачот во автомобилот БМВ.

По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција врз починатото лице, додека од возачот на камионот ќе бидат земени примероци од крв и урина заради испитување на присуство на алкохол или други супстанции кои би можеле да влијаат на неговата способност за управување со превозно средство. Врз камионот ќе се врши вонреден технички преглед со цел да се утврдат причините за несреќата.

Вчеравечер „24 инфо“  пренесе дека едниот од повредените полицајци им подлегнал на повредите. Се работи за Сефет Бајрами, дел од патролата на собраќајната полиција која настрада вршејќи ја должноста на патот, а во овој сектор дошол пред само два дена, кога и добил решение за работа во автопатска полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.