Денеска (04.10.2021) во 00.10 часот на Граничниот премин – Меѓународен аеродром Скопје, при пасошка контрола и проверка кај лицата М.Б.С.(40) од Камерун, со француска патна исправа и Р.Ф.(36) од Камерун, со дозвола за престој во Луксембург.
При претрес на багажот, полициски службеници во нивниот личен багаж пронашле една француска лична карта и камерунска патна исправа на име на други лица, како и хартија во форма на банкноти со идентичен принт на пари во апоени од по 50, 100, 200 и 500 евра и две шишиња со непозната течност.
Предметите им биле одземени, а на лицата не им бил дозволен влез во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.