Оштетен медиумски работник од протестите за случајот ,,Монструм” на 26 февруари, денеска во Кривичниот суд Скопје раскажа како се случило да биде повреден и да добие фракртура на левата раката. Вработениот снимател-репортер од ТВ Сонце, Борислав Стоилковиќ, рече дека не може да посочи никого како сторител на нападот, од причина што ударот го добил во грбот.

– Стоев на средина на булеварот, зад полицијата. Кога беа насилните протести кон Бит Пазар, се движев паралелно со полицијата. Додека траеше конфронтацијата, летаа тврди предмети. Кога дојдов до жардињерата за да можам да снимам, во тој момент ме удри плоча бекатон, ме занесе и ме турна на улица. Тука ја добив повредата, рече Стоилковиќ.

Судењето за овој предмет го води судијата Марин Станевски, а како застапник на обвинението е обвинителката Марија Демирова-Панајотова.

На претходните рочишта три лица беа осудени со по една години затвор за сторено кривично дело учество во насилна толпа, односно едно лице со осум месеци казна затвор. На протестите на 26 февруари беа повредени 11 полициски службеници и еден новинар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.