Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди со тоа, па дали ни бил шеф, колега или пријател, воопшто не е важно, изјави обвинителката денеска Лијана Стефанова.
Според неа Специјалното јавно обвинителство во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби од своето основање и затоа апелира политичарите и сите чинители во државата да го донесат Законот за Јавно обвинителство за да нема прекини на постапките.
Во однос на тоа дека шефот на СЈО Катица Јанева е осомничен за криминал, Стефанова нагласи дека шефот е осомничен за криминал од пред два дена, така што работата во институција со осомничен шеф за криминал не постои.
Прашана дали се оградува од Катица Јанева, Стефанова, рече дека никој пат ниту се приближила.
Јас никој пат не сум и се приближила на Катица, од самиот старт се оградувам, истакна Јанева.
За тоа дали е можно назначување на в.д. шеф на СЈО, Стефанова истакна дека Законот за ЈО, кој важи доколку некои одредби не се веќе определени со Законот за СЈО, има повеќе решенија.
Има решение за поставување на вршители на должност, решение за поставување на обвинител кој го заменува отсутниот или спречениот јавен обвинител. Сепак, тоа се ингеренции на Советот на јавни обвинители и да го оставиме да си донесе одлука. Како што разбрав, веќе се во процедура и ќе видиме што ќе донесат, изјави Стефанова.
Во однос на тоа дали се гледа како иден шеф на СЈО, Стефанова рече дека ниту се гледа, ниту пак има намера да конкурира за шеф на СЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.