При ископ во изведување на градежни работи, вчера кај стадионот под Тумбе кафе во Битола, откриен е огромен арсенал на артилериски гранати со калибар од 75мм, останати од Првата светска војна.
За само нецели два дена, приротехничарите открија околу триста гранати, е се претпоставува дека во наредните денови ќе бидат откриени преку илјада.
Во текот на изминатите два дена, на ова место подигнавме околу триста гранати и неизвесно е натаму колку ќе ги има, во зависност колку положаи биле. По наши сознанија и според литературата, станува збор за напуштен артилериски положај, осносно кога војниците решиле да го напуштат теренот, го затрупале теренот со земја и сега при ископот се појавија, изјави за Алфатв, Димче Јошевски, подрачен раководител на Дирекцијата за заштита и спасување.
Акцијата за расчистување на овој опасен терен ќе продолжи и во наредните денови, а гранатите времено се сместуваат во магацинскиот простор на Дирекцијата за заштита и спасување во близина на Студентскиот дом, а потоа ќе бидат транспортирани во полигонот кај Криволак и ќе се уништат со котролирана експлозија.
Целиот текст можете да го прочитате тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.