„Среќна нова ’49“. Со овие зборови ги поздрави Миле Јовановски, таткото на Боки 13 новинарите кои го чекаа за изјава по едночасовен распит кај обвинителката Вилма Русковска.
Јовановски рече дека не се чувствува виновен за случајот со Меѓународниот сојуз, каде е осомничен за перење пари и измама.
По Миле Јовановски, денеска треба да биде сослушан и неговиот син Бојан Јовановски, кој со полиција треба да биде спроведен од затворот во Шуто Оризари, каде што издржува мерка притвор, а на распит треба да се појави и асистенката Христина Блажевска.
Тие се обвинети за перење пари, за што го користеле Меѓународниот сојуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.