Девојчето кое денеска се изгуби кај Бит-пазар и беше пренесено во полициската станица е вратено кај родителите, потврдија од полицијата.
Според информациите од МВР, девојчето било на возраст од 3-4 години. Денеска излегло од дома без да го забележат. Полициска патрола го забележала како се движи само. Кога родителот забележал дека детето го нема, тргнал по него да го бара.
Потрагата по девојчето завршила со среќен крај откако таткото го забележал девојчето кое било заедно со полициските службеници од СВР Скопје и истото било безбедно вратено кај родителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.