Во СВР Велес вчера околу 13.00 часот вчера било пријавено дека во двор на велешко средно училиште во Велес, по кратка расправија, дошло до физичка пресметка меѓу група малолетници.
Како што информира попладнево портпаролот на СВР Велес,Верољуб Додевски, во тепачката учествувале тројца малолетници од населба Чашка, од една страна и двајца малолетници од село Извор и село Оморани, од друга страна.
– По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, најави Додевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.