Седумдесет и осумгодишна скопјанка била претепана и ограбена во центарот на Скопје.
При нападот, жената била тешко повредена, поради што морало да биде префрлена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
На 08.10.2021 во 15.15 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена М.С.(78) од Скопје, со тешки телесни повреди. Полициски службеници излегле на местото, при што било констатирано дека М.С. со повредите се здобила откако едно лице на подрачјето на Центар физички ја нападнало и ѝ ја одзело чантата – информираат од МВР.
Оттаму се додава дека се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.