Вчера во 05.33 часот во Полициската станица Охрид било пријавено дека Н.Т.(26) од Република Србија паднал од тераса во хотел во Охрид.
Тој се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.