На Граничниот премин Долно Блаце, на влез во земјава, вчера околу 11:30 часот е уапсен државјанин на Србија.

При извршена проверка на А.О.(39) од Р.Србија, било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“ по барање на Интерпол“, информираат од МВР.

Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од полициската станица Чаир за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.