Полицијата спречила шверц на кафе, кое требало да влезе во земјава од соседна албанија.
На 28.11.2020 во 18.20 часот, при преземање службени дејствија во близина на државната граница со Република Албанија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато забележале три лица, кои откако ги забележале полициските службеници се дале во бегство на територија на Албанија.
По извршениот преглед на теренот биле пронајдени осум вреќи со необработено кафе со вкупна тежина од 480 килограми.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.