Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.Л.(26) од скопското село Грчец, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.
МВР денеска соопшти дека во неделата навечер околу 23.40 часот на булевар „Партизански одреди“, при преглед на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол со една рамка со пет куршуми калибар 9 милиметри, што ги поседувал без дозвола. Ф.Л. бил лишен од слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.