СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.А.(20) од с.Гургурница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Во текот на јуни 2016 пријавената, на социјалната мрежа „Instagram“ и апликацијата „Snapchat“, креирала лажни профили со лични податоци на име В.К.(31) од Тетово и на нив објавувала фотографии од В.К. со компромитирачка содржина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.