Спектакуларно бегство се случило вчера во прилепскиот затвор, откако избегал 36-годишен затвореник од Гостивар, осуден на 20-годишна затворска казна. Бегството не е забележано ниту од безбедносните камери ниту од затворската полиција. Според првичните информации кои денеска треба да бидат потврдени и од надлежните институции во текот на вчерашниот ден околу пладне затвореникот имал посета од неговата мајка и неговата сопруга.

Започната е потрага по затвореникот која на полноќ е прекината а денеска продолжува.Неговата сопруга и неговата мајка веднаш се приведени во полициската станица во Прилеп на информативен разговор.

Известени биле околните полициски станици, Управата за извршување на санкции и Јавното обвинителство.

Од Затворската управа, утринава го потврдија случајот, но без соопштување на било какви подетални и поконкретни информации. Од МВР пак, исто така не информираа дека и тие се запознати со случајот и дека веќе работат на неговото расчистување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.