Полициски службеници од СВР Битола синоќа добиле повик за помош од страна на П.Х. (57) од Тетово, соопштија од МВР и појаснија дека според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, тој заглавил со патничко возило „џип“ со албански национални ознаки, на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење со возила во зима.
Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на терен, при што во 21.00 часот во близина на место викано Ски-центар Галичица било пронајдено заглавеното во снег возило, на П.Х. му била укажана помош и безбедно бил извлечен со возилото и спуштен на безбедно место на главниот пат, информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.