Параглајдеристи од Украина од засега непознати причини, изгубиле контрола додека летале над Галичица и паднале на падините на планината, во близина на Mакедонско – албанската граница.
Инцидентот се случил околу 15 часот, по што веднаш биле алармирани Националниот парк и екипата за спасување на планина и непристапни терени на Црвениот крст – Охрид, кои се упатиле на местото на настанот.
Со GPS било утврдено дека параглајдеритите паднале 650 метри на аллбанска територија. Македонската гранична полиција веднаш стапила во контакт со колегите од Албанија заради координација околу спасувачката мисија која е во тек.
Двајцата се повредени едниот потешко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.