16-годишно момче вчера попладне исчезна во водите на Преспанското езеро, во Претор. Во потрогата се приклучиле и нуркачи од Охрид.

Во 18:18 часот во ПС-Ресен, од ИМП било пријавено дека во туристичката населба-Претор, во водите на Преспанското езеро, исчезнал И. М. (2004) од Ресен. На лице место се упатени Служби“, информира МВР.

Неофицијално до инцидентот дошло откако три лица се возеле на педалинка, и од непознати причини во еден момент педалинката се превртела. Две момчиња излегле на површината, додека едното не излегло од водата.

Порталот „Центар“ објави и видео каде што спасувачите се обидуваат да го пронајдат телото и да го извлечат од водите на езерото.

ВИДЕО: centar.mk



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.