Во однос на актуелното прашање со кражба на електрична енергија и нејзино користење за копање на криптовалути, министерот Оливер Спасовски нагласи дека МВР постапува во сите пријави кои ќе стигнат до нив.
Не е нешто што сега ни се случува. Кривичното дело “кражба на електрична енергија, топлинска и природен гас“ постои од порано во Кривичниот законик. Се откриваат диви приклучоци на дистрибутивната мрежа без овластување. Еве само во СВР Скопје МВР откри 41 кривично дело по овој член, поднесени се 40 кривини пријави против 45 сторители за кражба на електрична или топлинска енергија и гас – рече Спасовски во гостувањето во Утрински брифинг.
Тој додаде дека во периодот од јануари до октомври Министерството за внатрешни работи во однос на конкретно копање на криптовалути разоткри три случаи кои се процесуирани со кривични пријави.
Откриени се три кривични дела за кражба на електрична енергија за копање на криптовалути, и откриени се четворица сторители кои приклучиле компјутерска опрема на дистрибутивната мрежа заради копање на криптовалути, открива министерот.
Според него целосни небулози се тврдењата дека МВР не постапува во тие случаи зошто, според него за кражба на електрична енергија полицијата мора да постапува според пријави и тоа од ЕВН, дистрибутери итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.