Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски при денешната посета на реконструираниот објект на СВР Куманово, одговарајќи на новинарски прашања до каде е истрагата за сообраќајната несреќа во која е вклучен Зоран Милески-Кичеец и дали има вклучено српски државјани, рече дека стручните служби работат на утврдување на одговорноста.

Јас искрено жалам што се случи сообраќајна незгода и што има починато лице, тоа е најголемата загуба, за сите други аспекти ќе се произнесат сите други експери во МВР, точно ќе се утврди кој е виновен и тој ќе мора да носи одговорност. Ги имаме ние идентитетите, се работи на тоа и ако има каква каква било поврзаност, со нешто сомнително за тоа ќе се преземат мерки, изјави министерот.

Спасовски одговарајќи на новинарско прашање зошто на презентацијата на реконструираниот објект на СВР Куманово не присуствува кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски рече дека ниту еден од кандидатите за градоначалници не е поканет на настанот.

Сепак, веќе започнува предизборната кампања и како што гледате, ниту еден од кандидатите за градоначалници кои се споменуваат не се тука. Би било неблагодарно да доаѓаат на објект за кој што немаат ништо вложено и да биде присутен само еден од кандидатите, така што не сакам да го политизираме овој дел, изјави Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.