Полицискиот час синоќа од 22 часот (10.03.2021) до 5 часот (11.03.2021) не го почитувале 12 лица, информираа денеска од МВР. Од вчера во 22 часот почна да се применува одлуката на Владата на Република Македонија за ограничување на движењето на граѓаните во периодот до 5 часот наутро.
Синоќа дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови. Во соопштението од МВР стои дека се преземени сите потребни активности контролата на ограничувањето на движењето да се спроведе согласно одлуката на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.