Во врска со возачот на „бентлито“, кој помина низ украсите на скопскиот плоштад и заработи казна од 45 евра, министерот повтори дека смета оти казната е мала и дека во Владата размислуваат за менување на висината на пропишаните казни.
Казната е за едно неодговорно бандитско однесување, коешто го нарушува мирот и спокојот на граѓаните. Планираме драстично да ги зголемиме казните за такво однесување, рече Спасовски.
На ова се надоврза министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која додаде дека во Владата се размислува казната да биде одредувана процентуално во зависност од приходите на прекршителот.
Најчестиот коментар кој можевме да го слушнеме во периодов беше дека за човек кој вози „Бентли“ 45 евра се ништо. Но, во програмата на Владата најавивме дека казните ќе бидат формулирани во процент од приходите и имотот и тогаш на секој прекршител ќе му се додели казната ќе ја почувствува и која ќе го натера, а тоа е целта на сите казни, да превенира такво однесување, истакна Шекеринска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.