По телефонска дојава од дежурната служба на СВР Битола до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на 31 октомври 2021 година е побарано спасување на повредено лице.
Kако што информираат од ДЗС, веднаш е пристапено кон мобилизација на Тимот за брз одговор за спасување од планина.
Лицето беше пронајдено од другата страна на планината кон преспанскиот дел под Манастирот „Свети Спас“ над селото Маловишта. Пружена му е прва помош и со санитетско носило е транспортирано во ургентното одделение при клиничката болница на Битола. Лицето е во стабилна состојба и не е во животно загрижувачка состојба – соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.