На 8.8.2019г.(четврток), во 13:35 часот до Подрачното одделение-Битола при Дирекцијата за заштита и спасување, пристигна дојава за изгубено лице.

Станува збор за странски државјанин, А.А.(25) од Холандија. Лицето се упатило од с.Нижополе кон Големо Езеро на Пелистер. По лоцирањето на изгубеното лице, тимот за брз одговор за спасување на планини, при Дирекцијата за заштита и спасување, излезе на терен, и во 15:10ч. го пронајде лицето над с.Нижополе, со лесна повреда на коленото, соопштуваат од Дирекцијата за заштита и спасување.

По санирањето на повредата, тимот за брз одговор за спасување на планини при ДЗС, безбедно го пренесе лицето до Битола, каде што е и сместено.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.