Еден граѓанин во полиција го пријави соседот кој организирал забава за Нова Година со многу луѓе и музика.

Вакви пријави имаше многу на бесплатниот телефонски број промовиран од МВР како проект за пријавување секаков вид прекршување на здравствените протоколи во текот на новогодишните празници.

Прослава со околу 100 луѓе имаше и во еден хотел.

Полицискиот службеник побара од неговата колешка да испрати полициска патрола.

Вакви повици дежурните екипи добиваа до доцните часови во ноќта.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја оцени како мирна новогодишната ноќ, без големи нарушувања на јавниот ред и мир, а се одредени 9 пријави за недозволени забави и групирања на повеќе од 4 лица во приватни објекти.

Во текот на ноќта се регистрирани 16 кривични дела, 13 прекршоци, но немало несреќи со смртоносни последици, само на територија на СВР Куманово не е регистрирано ниедно кривично дело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.